Турската полиција денеска откри и заплени еден тон марихуана на влезот во градот Батман, јави турската новинска агенција Анадолија.

Дрогата била откриена во шлепер кој превезувал ПВЦ цевки. Возачот на камионот е уапсен, а во тек е истрага за случајот,

Одгледувањето и шверцот на марихуана и други опијати е еден од главните извори на финансирање на Курдската работничка партија (ПКК), која дејствува во планинските региони во југоисточниот дел на Турција и северните делови на соседните земји Ирак и Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 21:23