Тереза Меј е слаб премиер, така мислат речиси половина од британските гласачи, според нова анкета на ЈуГов.

Според резултатите од анкетата, 49 отсто испитаници сметаат дека таа лошо постапувала како премиер, а само 21 отсто и даваат поддршка за работата.

Претходно, Меј се повлече од позицијата лидер на партијата поради немање поддршка и меѓу сопартијците за договорот за Брегзит со ЕУ.

Изборите во партијата завршија денеска, а нејзиниот наследник ќе биде познат утре.

Кандидати беа поранешниот министер и екс градоначалник на Лондон, Борис Џонсон и актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант.

Официјално, Лондон ја напушта ЕУ на 31 октомври, но се поверојатно сценарио е тоа да се случи без договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 21:38