Откако членовите на Конзервативната партија ги дадоа своите гласови заврши гласањето за нов премиер на Велика Британија, а резултатите официјално ќе бидат објавени утре.

Според анкетите фаворит за премиерската функција е поранешниот градоначалник на Лондон и поранешен министер за надворешни работи Борис Џонсон. Вториот кандидат е актуелниот шеф на британската дипломатија Џереми Хант.

Предвидено е в четврток победникот официјално да ја смени Тереза Меј.

Поголемиот дел од британските министри не се согласуваат со ставот на Џонсон за Брегзит и најавија дека ќе поднесат оставки пред да бидат разрешени од новиот премиер.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 21:42