Новиот „механизам за солидарност“ кој го предложија Германија и Франција за распределба нa мигранти внатре во ЕУ го прифатиле 14 земји членки на Унијата, соопшти синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.
Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Париз разговараа за прашања поврзани со мигрантите и безбедноста.
– Заклучокот од состанокот е дека во принцип 14 земји членки во оваа фаза изразија поддршка за француско-германскиот договор, рече Макрон.
Тој не откри детали од новиот договор, но рече дека оваа иницијатива ќе делува „брзо и автоматски“.
Извор близок до француското претседателство изјавил дека јасна намера да го применат новиот систем покажале Финска, Луксембург, Португалија, Литванија, Хрватска и Ирска.