Новата министерка за одбрана на Германија и наследничка на канцеларката Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, позната и како АКК, увери дека земјата ќе го исполни барањето на НАТО да троши по два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, пишува „Њу Јуроп“ (New Europe) чие седиште е во Брисел.

Поранешната министерка за одбрана и претседател на следната Европска комисија, Урсула фон дер Лејен вети дека ќе ги зголеми германските расходи за одбрана на 1,5 отсто до 2024 година, со што предизвика негодување кај помалиот коалициски партнер во Владата, социјалдемократите.

АКК сега даде поамбициозно ветување и рече дека ќе продолжи да ги зголемува расходите до милијарда евра. Тековните расходи за одбрана во Германија изнесуваат 1,25 проценти.

Во 2014 година членките на НАТО ветија дека ќе одвојат минимум два проценти од БДП за одбрана до 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2019 10:48