Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутскиот Теснец и Оманското Море, порача иранскиот претседател Хасан Рохани во врска со заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надгледување и заштита на бродовите во тоа подрачје.

– Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и никогаш нема да почне војна или некој конфликт со други земји, истакна Рохани.

Тој по состанокот со ирачкиот премиер Адел Абдул Махди повика на дијалог и на регионална соработка.

– Продлабочувањето на соработката меѓу официјален Техеран и Багдад извесно придонесува за стабилноста и безбедноста на регионот, напомена Рохани.

Премиерот на Ирак Абдул Махди повторни дека неговата земја нема намера да биде дел од било какви санкции против Иран. ј



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2019 14:48