Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изврши инспекција на новоизградената подморница и побара од официјалните лица дополнително да ги зајакнат воените капацитети на земјата.

Локалните медиуми објавија дека Ким изразил „големо задоволство“ од подморницата откако бил запознат со оперативните и тактички податоци и оружените системи.

Ким ја нагласи потребата за постојано и сигурно зголемување на способноста за одбрана на земјата, насочувајќи големи напори кон развој на поморското оружје и опрема, како што е подморницата.

Изградбата на новата подморница укажува дека Северна Кореја ја зголемува својата воена способност и покрај нуклеарната дипломатија со САД која почна минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2019 14:54