Меѓународна коалиција која би го штитела регионот на Персискиот залив само би внела несигурност, изјави денеска иранскиот потпретседател Ешак Јахангири, пренесе агенцијата ИРИБ.

Велика Британија синоќа побара формирање меѓународна поморска мисија под европско лидерство, која ќе обезбеди слободно пловење низ Ормутскиот теснец, само еден ден откако Иран го заплени британскиот нафтен танкер во акцијата која Лондон ја оцени како чин на „државно пиратство“ во овој стратешки воден тек.

-Нема потреба од формирање коалиција бидејќи таквиот вид коалиции и присуството на странци сами по себе создаваат нестабилност. Освен создавање несигурност тие нема да постигнат ништо друго, рече Јахангири, пренесен од британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2019 14:59