Момче од Австралија е уапсено денеска со метамфетамин во вредност од 140 милиони долари, кога со комбе удрил во паркиран полициски автомобил.

Момчето на возраст од 28 години удрило во возило пред полициска станица во Сиднеј, предизвикувајќи значителна штета, соопшти полицијата.

При претресот на комбето полицијата пронајде скриени прегради во кои се наоѓале 273 килограми метамфетамин.

Проценето е дека вредноста на запленетата дрога изнесува повеќе од 200 милиони австралиски долари, односно 140 милиони американски долари.

Возачот на комбето е обвинет за поседување големо количество комерцијална дрога, но и за несовесно возење.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2019 15:13