Сенатот на САД денеска го потврди назначувањето на Марк Еспер за министер за одбрана, со што заврши седуммесечниот период во кој Пентагон немаше постојан шеф.

Еспер, за кого гласаа 90 сенатори, додека осум беа против, ќе положи заклетва до крајот на денот.

Пентагон беше без шеф откако Џим Мати поднесе оставка минатата година. Потоа, шестмесечен шеф на Пентагон беше заменик-министерот Патрик Шенехан.

Потоа в.д. стана Еспер, но од моментот кога беше номиниран минатата недела, тој мораше да поднесе оставка до потврда во Сенатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 10:23