Марк Еспер и официјално стана новиот американски министер за одбрана откако ноќеска положи заклетва пред човекот што го предложи на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Кандидатурата на Еспер вчера беше одобрена од Сенатот. На тој начин, за првпат по повеќе од шест месеци Пентагон доби активен командант – без префиксот „вршител на должноста“.
Еспер, кој пред оваа функција беше министер за копнените сили во структурата на Пентагон, кон крајот на јуни беше назначен за началник на одделот. Пред тоа, ингеренциите на министер за одбрана ги извршуваше Патрик Шанахан, кого Трамп на крајот одлучи да не го предлага за одобрување пред Сенатот.
Претходниот министер за одбрана, Џејмс Матис, кој на функцијата беше од почетокот на администрацијата на Трамп, во јануари 2017 година, на 31 декември 2018 година си поднесе оставка.
Од 1986 до 2007 година Еспер служел во американската армија, учествувал во војната во Персискиот залив во 1991 година какако дел од 101-та десантна дивизија. Откако се повлекол од армијата како потполковник, работел во кмерцијалните структури, лобирајќи за одбранбените корпорации. Во ноември 2017 година тој беше одобрен од Сенатот на САД за министер за копнените сили.