Кинеското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Кина и Русија вчера изведувале заеднички воздушни патроли, но дека не влегле во воздушниот простор на било која друга земја, пренесоа британските медиуми.

Светските агенции вчера како ударни вести пренесоа дека Јужна Кореја и Јапонија во текот на денот идентификувале два кинески бомбардера Х-6 и два руски бомбардера Ту-95 како летаат во воздушниот простор над островот врз кој права полагаат и Сеул и Токио.

Во извештаите се наведуваше дека јапонската војска кренала во воздух борбен авион што ги пресретнал патролите, додека Јужна Кореја соопшти дека истрелала и неколку стотици истрели кон руски авион.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 12:47