Дојче Банк денеска информира дека во вториот квартал од годината забележала нето загуба од 3,1 милијарди евра (3,5 милијарди долари), и тоа само неколку недели откако соопшти ќе следат драстични кастрења на работни места во банката во обидот да се врати на позитивните патеки, јави ДПА.

Загубата е поголема од тоа што банката претходно месецов предвидуваше дека ќе се случи, кога го најави реструктурирањето. Денеска оттаму уште соопштија дека трошоците за стратешката трансформација банката ќе ги чини 3,4 милијарди евра.

-Суштинскиот дел од трошоците за реструктурирање се веќе направени во вториот квартал, изјави извршниот директор на банката Кристијан Севинг, според кого ” по овие трансформациски трошоци, банката ќе биде профитабилна “.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 12:52