Британија испрати свој посредник во Иран за да преговара за ослободување на нафтениот танкер кој пловел под британско знаме, соопшти Мохамад Мохамади-Голпајегани, шеф на кабинетот на иранскиот врховен лидер, пренесува полуофицијалниот ирански информативен портал Тасним.

Затегнатоста меѓу Иран и Британија се зголеми откако Исламската Република минатиот петок го заплени танкерот Стена Имперо, наведувајќи дека се судрил со рибарско бротче.

Мохамади-Голпајегани не даде повеќе детали за престојот на британскиот посредник, но иронично ја коментираше британската улога во иранските внатрешни прашања за време на колонијализмот.

– Земја која своевремено именуваше министри и правници во Иран дојде до точка кога испраќа посредник кој моли танкерот да биде ослободен, ја пренесува Тасним изјавата на Мохамади-Голпајегани.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 13:37