Јапонскиот производител на автомобили, Нисан Мотор Ко ЛТД има намера да отпушти повеќе од 10.000 вработени во своите фабрики ширум светот, открива неименуван познавач на состојбите во фирмата.

Од Нисан одбија да ги коментираат наводите, меѓутоа се претпоставува дека планот за отпуштања, како и финансиските резултати на компанијата, ќе бидат претставени утре.

Горенаведената бројка изнесува седум отсто од вкупната работна сила на Нисан, а отпуштањата се очекуваат во земјите со ниска стапка на искористеност.

Нисан во мај прогнозираше 28-отстотен пад на годишните оперативни добивки, што заедно со ланскиот пад, чинат вкупен пад од 45 отсто.

Рено поседува 43 отсто акции во Нисан.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 14:29