Пилотот на Хонда, Хорхе Лоренцо ќе ги пропушти следните две трки од календарот на МотоГП и треба да се врати кон крајот на август за Големата награда на Велика Британија. Шпанецот добил фрактура на два пршлени за време на првиот слободен Гран При на Холандија и му било советувано да продолжи со неговото закрепнување далеку од патеката. И покрај неговата рехабилитација минатиот месец, Лоренцо се уште има болки во грбот, откриваат од неговиот тим.

Така Лоренцо ќе ги пропушти претстојните по завршувањето на летната пауза трки во Чешка и Австрија. Наместо него ќе стартува резервниот пилот на Хонда, Штефан Брадел, кој возеше на местото на Шпанецот и во Германија. Таму тој успеа да заврши десетти.

Деби годината на Лоренцо во Хонда стана потешка бидејќи не успеа да учествува во сите предсезонски тестови поради друга повреда, и од почетокот на сезоната 2019 година тој сè уште не успева да се прилагоди на неговиот нов мотоцикл. Трикратниот шампион во кралската класа се рангира на 16-то место во генералниот пласман со само 19 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 14:56