Huawei е рангирана на 61-то место во годишното рангирање на Fortune која ги собира 500-те најуспешни компании во светот врз основа на приходите и профитот. Компанијата се искачи за 11 места во однос на минатата година, или за импресивни 68 места во однос на 2017 година.

Годишното рангирање на Fortune 500 се базира на приходите и профитот на компаниите, како и на нивната големина. Така Fortune 500 стана репер за успех на компаниите, на одржливиот раст, големината, присуството на меѓународниот пазар и улогата во глобалната економија.

Искачувањето на Huawei во ран листата се базира на пораст од 22% во приходите и 27,5% ба годишниот профит. Сепак, силата на компанијата се базира на други фактори.

„Нашето искачување во Fortune 500 е нов доказ за успехот на нашата компанија во 2019 година. Во срцето на нашите достигнувања се целите што ги имаме поставено - најновите технологии да им се што подостапни на нашите клиенти и продолжување да се фокусираме на инвестициите во R & D. Ова ни овозможи да го постигнеме овој голем успех ", вели извршниот директор на Huawei Ричард Ј.

Претходно оваа година Huawei зазеде 47-то место во рангирањето BrandZ за највредни глобални брендови, благодарение на иновациите во смартфоните од серијата HUAWEI P30, како и неверојатните технолошки решенија при изработкатана HUAWEI Mate X и долгоочекуваниот Mate 20 X (5G).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 15:29