Борис Џонсон го избра главниот финансиски директор на телевизијата Скај, Ендрју Грифит за свој бизнис советник.
Тоа е едно од првите назначувања од Џонсон пред да ја преземе премиерската функција во Велика Британија.
Инфомацијата дека Грифит ќе работи во Кабинетот ја соопшти главниот извршен директор на Скај, Џереми Дарок.
Џонсон го именува за висок советник и Доминик Камингс, архитектот на кампањата за Брегзит.
Именувањето на Камингс (47) многумина го гледаат како потег што ќе овозможи да биде исполнето ветувањето на новиот лидер дека ќе ја извлече Британија од ЕУ „со или без договор“ до 31 октомври.
Новиот британски премиер Борис Џонсон, кој денеска од кралицата Елизабета Втора треба да добие мандат за таа функција, му понудил на досегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант да биде министер за одбрана во новата влада.
„Скај“ објави дека Хант, кој вчера од Џонсон ја загуби трката за нов лидер на Конзервативната партија, ја одбил таквата понуда.