На денот кога ја презема функцијата како нов британски премиер, Борис Џонсон доби предупредување од Европскиот парламент за многу штетните економски последици од напуштањето на Лондон на ЕУ без договор.

ЕП, исто така, ја потврди можноста за промена на заедничката политичка декларација за излез од ЕУ, усвоена од Лондон и Унијата, но не и самиот договор.

Џонсон во неколку наврати изјави дека има намера да го спроведе брегзит на 31 октомври, рок што е поставен по две одложувања, дури и без договор.

„Неодамнешните изјави, особено оние направени во кампањата за раководството на Конзервативната партија, значително го зголемија ризикот од хаотичен излез на Велика Британија“, предупредија претставниците на политичките групи во Европскиот парламент во изјавата објавена по состанокот со главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

„Напуштање без договор би бил многу штетен за економијата, иако штетата направена на двете страни нема да биде иста”, предупредија пратениците.

Брегзит без договор „нема да се надомести со каква било форма на договор или мини-договор меѓу ЕУ и Велика Британија”.

ЕУ нема да го преиспита договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, потсетуваат пратениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 16:52