Повеќе стотици патници се блокирани во воз „Евростар“ во Белгија поради проблеми со напојувачката мрежа.
Патниците на „Евростар“ на социјалните мрежи објавија дека се блокирани во вагоните на возот на висока температура на воздухот.
„Евростар“ соопшти дека се работи на отстранување на дефектот со напојувањето поради што еден воз застана на шините. Поради тоа најмалку два воза што сообраќаат помеѓу Лондон и Брисел се откажани, а на патниците им се рефундирани трошоците или им е обезбеден друг превоз.