Рекордно високи температури од 38,9 степени Целзиусови се регистрирани денеска во Холандија и Белгија, највисоки воопшто во тие земји.

Метеоролошките институти на двете земји соопштија дека во Холандија се измерени 38,8 степени Целзиусови, додека во Белгија 38,9 степени.

Главниот метеоролот во белгискиот Кралски метеоролошки институт Давид Денехау рече дека температурата во Белгија е мерена во воената база Клајне-Брегел во северозападниот дел на Белгија и претставува историски рекорд за таа земја.

– Измерените 38,9 степени Целзиусови претставуваат највисока температура измерена во Белгија од почетокот на мерењата во 1833 година, напиша Денехау на Твитер.

Холандскиот кралски метеоролошки институт, пак, исто така преку Твитер, соопшти дека во Холандија околу 15 часот во местото Гилзе-Ријен се измерени 38,8 степени.

Последниот рекорд во Холандија беше во 1944 година, кога се измерени 38,6 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 00:06