Русија е закана за изборите во 2020 година, и други земји развиваат слични способности за мешање во демократските процеси, ова денеска го заклучи поранешниот специјален обвинител Роберт Малер на две одвоени сведочења во американскиот Конгрес.

На првото сведочење пред Комисјата за правосудство, Малер неколкупати се збуни од некои прашања. Така, тој погреши да каже кој поранешен претседател го номинирал за федерален обвинител на Масачусетс (бил номиниран од Роналд Реган, не од Џорџ Буш) и не можеше да утврди една од главните оценки на неговиот извештај дека политика на Министерството за правда е да не покренува обвинение против актуелен претседател.

Подоцна, на сведочењето пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, тој ги исправи претходните несигурности за политиката на министерството и повика политичките првенци во Вашингтон да се справат со руската закана со вмешаноста во американските избори.

-Руските напори не се завршени. Тие продолжуваат да го прават тоа во овој момент и ќе го прават во следната кампања, истакна Малер.

Додаде дека „многу земји развиваат такви споспобности“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 10:10