Полицијата во Пакистан уапси стотици политички активисти во рамки на острите мерки кои се преземаат пред протестите што ги планираа опозициските групи една година по националните избори кои ги одбележаа обвинувања за манипулација.

Полицијата демонтираше протестен камп на партијата на лидерот на опозицијата и поранешен премиер Наваз Шариф, кој е во затвор, во источниот град Лахоре и уапси десетици активисти.

Партијата на Шариф, Пакистанска муслиманска лига планираше митинг во Лахоре на кој требаше да се протестира против она што тие го нарекуваат лажирани избори на 25 јули минатата година, после кои премиер Имран Кан дојде на власт.

– Тоа е фашистичка тактика на владата која е исплашена од протести, изјави Марјам Наваз, ќерка и наследник на Шариф, која требаше да го предводи митингот.

Протести беа планирани и од други опозициски политички групи во неколку градови, меѓу кои и во Пешавар на северозапад и Квета на југозапад.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 12:50