Акустичниот Поп-рок состав "Acoustic Division" деновиве го промовира својот нов видео запис од нивната преработка на песната „Јако Јако“ на Влатко Лозаноски-Лозано.
Членовите на бендот кои со полна пареа се подготвуваат за настап на овогодинешното издание на реномираниот фестивал "Макфест" изјавија дека оваа преработка означува почеток на нивниот проект со кој ќе бидат опфатени многу македонски хитови кои ќе бидат преработени во акустични верзии, стил по кој се препознатливи "Acoustic Division".
- Покрај најавените акустични преработки, до крајот на септември ќе ја објавиме и нашата втора авторска песна која ќе биде најава за нашиот дебитански албум и секако за нашиот настап на “Макфест”- вели Давор Бинов, вокалот на бендот.
За потсетување, изминатиот месец бендот го промовираше видео записот од нивната “cover” верзија на баладата “Лебедот Бел” на Нокаут.