Американскиот милијардер Џефри Епстин, кој во затвор на Мехнетн чека судење за обвиненија за злоставување малолетнички, пронајден е во неговата ќелија во полусвесна состојба со повреди на вратот.

Епстин (66), кој бил пронајден како лежи на подот на ќелијата, е префрлен во болница.

Се уште не е јасно како Епстин ги добил повредите, а иследниците се обидуваат да утврдат што се случило. Ен-Би-Си цитира изјава на неименуван извор кој рекол дека не е исклучен обид за самоубиство.

Епстин беше уапсен на почетокот од месецов под обвиненија за организација на проституција кои датираат и 19 години наназад. Според весникот, од 2000 година милијардерот организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.

Според федералното обвинение Епстин „сексуално искористил и злоупотребил десетици малолетни девојчиња“ во своите домови на Менхетн, Палм Бич и други локации. Тој наводно им плаќал на жртвите да регрутираат други малолетни лица.

Пред судот во Менхетн, Епстин се изјасни дека не е виновен.

Тој во некои периоди од првата деценија на векот бил близок со Клинтон и претседателот Трамп, чија резиденција Мар-а-лаго, се наоѓа во Палм Бич. Трамп на пример, во 2002 година изјавил дека е многу близок со њујоршкиот милијардер.

– Џефри го познавам петнаесет години. Одличен пријател, многу забавен. Некои тврдат дека му се допаѓале убави жени, колку што и мене ми се допаѓаат, и дека многу од нив биле помлади, изјавил Трамп во интервју за „Њујорк магазин“ во 2002 година.

Адвокат на компанијата „Организација Трамп“ изјави дека претседателот „немал врски“ со Епстин. „Вашингтон пост“ укажува дека наспроти тврдењето на Трамп, постојат јасни докази дека двајцата, како членови на елитните кругови на Менхетн и Палм Бич, биле блиски пријатели во минатото.

Портпарол на Клинтон изјави дека претседателот Бил Клинтон „не знаел“ за наводните криминални дела на Епстин. Во неколку наврати во 2002 и 2003 година Клинтон и обвинетиот патувале заедно во приватниот авион на милијардерот во Европа, Азија и Африка, „со планирани запирања поврзани со работата на Фондацијата Клинтон,“ изјави портпаролот на Ангел Урења.

Ивесно е дека милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија за подведување малолетни лица и организација на проституција. Иако за тежината на делото оптужениот би требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстин, со помош на високо платени адвокати издејствувал договор со тогашните обвинители, и бил осуден на 13 месеци затвор со право да излези на слобода 12 часа дневно, шест пати во неделата „поради бизнис обврски“, пишуваше тогаш „Њујорк тајмс“.

Сегашното дополнето обвинение укажува дека таа одлука била незаконска. Незаконитоста на таа одлука се потврди и на првото рочиште на кое биле прикажани непристојни фотографии што полицијата ги најде во седумкатниот раскошен дом на Епстин на Менхетен.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 13:37