Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, првиот демократски избран шеф на земјата, почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет.

Тој претходно денеска беше примен во воената болница во главниот град, трет пат во последните неколку недели, јавија медиумите во оваа земја.

Во медиумските извештаи се наведува дека Есебси е примен в болница заради здравствени проблеми, не прецизирајќи за што станува збор.

Најстариот лидер на држава, по британската кралица Елизабета Втора, дојде на власт во 2014 година, три години по бунтот познат како „Арапска пролет“.

Неодамна Есебси најави дека нема да се кандидира на изборите во ноември, изјавувајќи дека земјата треба да ја води некој помлад.

Минатиот месец тој двапати беше хоспитализиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 14:41