Турција ќе се повлече од Договорот со ЕУ за реадмисија на мигрантите, склучен во 2016 година, како одговор на санкциите на Брисел против Анкара поради истражувањето гас во кипарските води.

Тоа во интервју за турска телевизија го изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Благодарејќи на договорот ЕУ-Турција, бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови е многу намален. Истовремено, ниту реадмисијата не беше голема.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 14:54