Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и шкотски премиер, Никола Старџен денеска го предупреди новиот британски премиер Борис Џонсон дека продолжуват подготовките за нов референдум за независност на земјата, затоа што неговите планови за Брегзит можат да предизвикаат штети врз шкотската економија, пренесоа британските медиуми.
-Сега, повеќе од секогаш, животно е важно Шкотска да има алтернативна можност, рече Старџен во писмо до Џонсон.
„Шкотската Влада ќе продолжи да се подготвува на луѓето во Шкотска да им даде избор да станат независна држава“, забележа уште таа, додавајќи дека шкотскиот Парламент рамковно Законот за референдум ќе го разгледа по летните одмори.