Европската комисија соопшти денеска дека одлучила да ја тужи Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законите кои ги криминализираат активностите за поддршка на барателите на азил и дополнително го ограничуваат правото на барање азил.

ЕК нагласи дека испратила и официјално писмо за условите во транзитните зони, односно објектите кои се наоѓаат на границата со Србија, во кои барателите на азил мораат да останат и во кои нивните барања се офрлаат, а се опишуваат како „притвор под директива на ЕУ за враќање“.

Процесот против Унгарија почна во јули 2018 година, кога ЕК, откако таа земја усвои сет-закони, наречен „Стоп Сорос“, и испрати на Унгарија официјално писмо, што е прв чекор во прекршочната постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 15:57