Министерството за одбрана на Турција соопшти дека заврши првата етапа од доставувањето на рускиот ракетен комплекс С-400, објавија турски медиуми.

– Заврши испораката на првиот дел од компонентите за С-400 во авиобазата Муртед до Анкара, се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Испораката на С-400 почна на 12 јули при што биле извршени 30 товарни летови.

Турските медиуми објавија дека С-400 ќе биде во оперативна способност од почетокот на идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 16:06