Точно во 13:36, во Париз беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени според Метео-Франс. Тие најавија дека живата на термометарот ќе се зголеми на 42 степена попладнево во Париз, јави дописникот на МИА од Франција.

Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години, а 41 Целзиусов степен веќе беа измерени во 13:42 во Париз-Монтсури, потврди Метео-Франс.

Од почетокот на мерењата во 1873 година, температурата во Париз само еднаш надминала 40 Целзиусови степени на 28 јули 1947 година (40,4 Целзиусови степени).

Метео-Франс предвидува дека денешната температура ќе достигне до 43 ° C во регионот на Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 16:22