Управниот совет на Европската централна банка прифати препорака од Советот на Европската унија за назначување нов претседател на Банката.
– Управниот совет нема несогласувања по однос на предложениот кандидат Кристин Лагард, која е личност со призната репутација и професионален пристап во финансиската или банкарската сфера, се вели во официјално соопштение.
Во него нема коментар дека во 2016 година Лагард беше осудена од француски суд за небрежност што предизвика неправомерно богатење на бизнисменот Бернар Тапи за 404 милиони евра на сметка на буџетот на Франција.
Во соопштението се прецизира дека по прифаќањето на ставот на УС и на ставот на ЕП, новиот претседател на ЕЦБ ќе биде назначен од Европскиот совет.
Осумгодишниот мандат на досегашниот шеф на ЕЦБ, Марио Драги завршува на 31 октомври 2019 година.