Вршителот на должност шпанскиот премиер Педро Санчез денеска не успеа да добие мнозинство гласови неопходни за формирање на влада.
Санчез беше поддржан од 123 пратеници од неговата Социјалистичка партија и од еден пратеник од маргиналните регионални партии, додека 155 пратеници се изјаснија „против“.
Санчез пред гласањето изјави дека пропаднаа коалициските разговори со ултралевичарската партија Подемос.
– Договор не беше можен, изјави Санчез пред да се изјаснат пратениците.
Лидерот на Подемос, Пабло Иглесијас го повика Санчез да ги продолжат преговорите, со цел да не се одржат нови избори.
Сега Санчез треба да одлучи дали ќе се обиди да побара поддршка од Парламентот до 23 септември или ќе се одлучи за нови избори кои би можеле да бидат одржани 10 ноември.