Локални избори во Унгарија ќе бидат одржани на 13 октомври, соопшти денеска шефот на државата Јанош Адер.

– Од првите слободни избори во 1990 година воспоставени се сите уставни рамки да одлучуваме за својата судбина и сите прашања кои се однесуваат на нашата сегашност и иднина, напиша Адер на својата интеренет страница.

Според сите анкети, предност има партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, а локалните избори ќе бидат тест за поделената опозиција да се обедини и заеднички да застане зад кандидати за градоначалник на Будимпешта и останатите градови.

Медиумите потсетуваат дека националистичката политика на Орбан ја разбранува Европа, но му помогна да обезбеди победа на седум изборни процеси по ред од 2010 година, на државно, локално и европско ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2019 19:47