Во рација на ФБИ во Аризона откриени се голем број делови од човечко тело, натрупани во фрижидер. Упадот е извршен во поранешниот Центар за донација на органи.

Како што пренесуваат американските медиуми, во центарот е најден фрижидер полн со пениси и тело на кое била сошиена глава од друг човек.

Според судски документи, кои докажуваат дека во овој центар се случувале запрепастувачки работи, продажбата на човечки органи се одвивала од 2014 година, а на случајот работат 33 обвинители.

Сопственикот на компанијата Стивен Гор ја призна вината во 2015 година за илегална работа откако беше откриено дека продавал заразено ткиво и користел делови од тело на начин на кој донаторите не допуштаат.

Во текот на 2013 година компанијата наводно продавала тело без глава за 2.900 долари, торзо со глава за 2.400 долари и нога за 1.100 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2019 20:50