Претседателот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, денеска соопшти дека Техеран планира да ја обнови својата активност во нуклеарниот реактор за тешка вода во Арак, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се информации на локалните медиуми.

Тешката вода може да се искористи во реакторот за производство на плутониум, елемент со кој се полнат нуклеарната глава.

Иран во мај ги соопшти своите планови да го прекрши договорот склучен во 2015 година со неколку светски сили, откако САД се повлече од спогодбата и ги обнови санкциите против Техеран.

На почетокот на јули иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека неговата земја планира да почне со збогатување ураниум и ги обнови своите активности во Арак, доколку страните од договорот не ги почитуваат преземените обврски кон Техеран.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2019 12:42