Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили го одбрани насловот на АТП турнирот во Хамбург, Германија.

Басилашвили на финалето се соочи со Русинот Андреј Рубљев со 2:1 во сетови, односно 7:5, 4:6, 6:3 во гемови.

За Грузиецот денешната победа е трета по ред во неговата кариера, а освен двата трофеи од Хамбург, минатата година славеше и на турнирот во Пекинг.

За Рубљев, пак, денешното финале беше трето во кариерата, од кои две изгуби, а освои едно и тоа пред две години во Умаг, Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 10:36