Иран збогатува 24 тони ураниум по завршувањето на меѓународниот нуклеарен договор со големите сили во 2015 година, изјави шефот на иранската Агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи.

Според тој договор, кој ја ограничува иранската нуклеарна програма, Иран не смее да има повеќе од 300 килограми резерви на ураниум збогатени до ниво од 3,67 проценти, но може да збогатува ураниум и да го извезува.

Техеран претходните години извезуваше ураниум во Русија.

Иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на Салехи дека „Иран не збогати 300 килограми, туку 24 тони ураниум“.

Иран претходните недели ја надмина границата на резерви со слабо збогатен ураниум поставена со договорот од 2015 година, но не соопшти за колку.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 16:49