Јапонија во септември ќе лансира ракета, со карго капсула, на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти денеска јапонската вселенска агенција.

Беспилотното летало ХТВ8, познато како Коунотори, ќе испорача околу 5,4 тони потребни материјали за астроинаутите во МВС, вклучувајќи храна, вода, батерии и уреди потребни за експерименти, пренесе агенцијата Кјодо.

Ракетата ќе биде ласнирана на 11 септември од вселенскиот ценатр Танагашима, во југозапданиот дел од Јапонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 17:12