Илјадници километри квадратни руска почва се под закана од релативно бавно потопување под вода поради топењето на ледените површини на планетата, објави „Нејшенл џиографик“.

Како последица од глобалното затоплување и целосното топење на мразот, пред сè европскиот арктички дел на Русија, како и делови од јужното крајбрежје може да се најдат под морското ниво. Проширувањето на Средоземното Море ќе значи и проширување на Црното Море и Каспиското Езеро, што ќе ги засегне Русија и Украина.

Во слична, а можеби и поголема опасност се малите земји како Холандија, Данска, Естонија, но и градовите Лондон и Венеција. Во случај на катастрофа, исто така, и делови од брегот на САД, Кина и Индија може трајно да потонат. Битно да се спомене е дека глобалното затоплување ќе ја поштеди Африка, којашто ќе претрпи најмалку штета, како и планинските земји на средоземноморскиот брег.

Притоа, написот напоменува дека ваква катастрофа може да ја почувствуваме во некоја подалечна иднина, според некои научници, и дури по 5.000 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 17:38