Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го прекина одморот откако утрово 40-годишен маж од африканско потекло уби дете, туркајќи го под воз.

Зехофер свика состанок со безбедносните служни, откако утрово, околу 10 часот, засега неименуван маж, турна мајка и осумгодишно момче на шините. Мајката се стркалала, но не успеала да го дофати синот. Брз воз го прегази и момчето починало на самото место.

Напаѓачот, најверојатно од Еритреја, се обидел на шините да турне и трета личност, но таа успеала да се одбрани. По нападот тој побегнал, но набрзо бил уапсен.

– Минувачите го виделе инцидентот, и потрчале по мажот кој бегал. Тој е уапсен во зоната на станицата, изјави портпаролката на полицијата. Во тек е истрага за убиството. Засега не е познат мотивот за нападот, ниту е забележана врска меѓу напаѓачот и жртвите.

На голем број очевидци им е пружена медицинска помош. Како што пренесува „Билд“, многумина пребледеле, им се слошило, некои врискале, а некои плачеле.

Пред две недели, на станица во Северна Рајна Вестфалија беше турната една мајка, кој ја усмрти воз во движење, а извршителот е уапсен и обвинет за убиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 18:48