Британскиот премиер Борис Џонсон беше исвиркан денеска, на доаѓањето на средбата со претседателката на шкоткста Влада Никола Старџен.

Пред средбата, Старџен рече дека плановите на Џонсон за Брегзит ќе ја загрозат економијата на Шкотска, која на референдумот во 2016 година гласаше за останување во Европската унија. Таа најави дека ќе продолжи со подготовките за втор референдум за независност на Шкотска од Обединетото кралство.

– Народот во Шкотска не гласаше за оваа ториевска (конзервативна) влада, не гласаше за новиот премиер, ниту за Брегзит и секако не гласаше за катастрофален Брегзит без договор, кој Борис Џонсон сега го планира, нагласи Старџен пред денешната средба со Џонсон.

Според неа, единствена цел на Џонсон е да ги извади Шкотска и Обединетото Кралство од ЕУ без никаков договор.

– Шкотска е игнорирана во текот на процесот на Брегзит и сега е време да се соберат сите оние кои се загрижени за иднината на Шкотска и заедно да го трасираат патот, а на ториевците да им порачаат да престанат да ја вовлекуваат нашата земја во пропаст, додаде Старџен.

Во меѓувреме, „Дејло телеграф“ објави дека новата британска Влада ќе потроши стотина милиони фунти во текот на следните три месеци како дел од својата кампања, која треба да ја подготви земјата за Брегзит без договор. Старџен оцени дека најавеното финансирање на кампањата е „срамно фрлање пари“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 10:16