Најмалку петмина ученици загинаа кога суданските сили за безбедност отворија оган додека протестираа во градот Обеид во централната провинција Кордофан, соопштија организаторите на протестот.

Суданската здравствена организација соопшти дека неколку демонстранти се повредени.

Протестот го организираа ученици од средните училишта кои се противат на воената власт во земјата.

Како што пренесуваат странските агенции, учениците го продолжиле протестот, барајќи брза транзиција од воената на цивилна власт.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 10:35