Русија и Иран наскоро ќе одржат заедничка воена поморска вежба во реонот на Ормутски Теснец, јавија денеска руските медиуми.

Воената вежба е во согласност со потпишаниот меморандум за разбирање во областа на одбраната.

– Набрзо се очекува заедничка руско-ирнаска воена вежба во Индиски Океан. Вежбата може да се спроведе и во северниот дел од Индиски Океан, вклучително и во Ормутски теснец, изјави вчера командантот на иранската воена морнарица Хосеим Ханзади.

Тој додаде и дека се водат преговори за зајакнување на воената соработка во Касписко Море.

– Документот за соработка е потпишан за време на посетата на Русија. Тоа е прв меморандум за разбирање и се сфаќа како пресвртен момент во односите на Техеран со Москва во сферата на одбраната, посочи Ханзади.

Руско-иранската воена вежба ќе ги зголеми тензиите во Персиски Залив, каде последните недели се случуваат инциденти со нафтени танкери.

Иран има несогласувања со западните држави дури и задржа британски танкер.

Претходно, британската морнарица задржа ирански нафтен танкер во близина на Гибралтар, под обвинение дека ги прекршил санкциите кон Сирија. Кон крајот на минатата недела Лондон распореди воени бродови, кои ќе ги придружуваат британските трговски бродови при поминувањето преку Ормутски Теснец.

И САД и Европа се подготвуваат да го зголемат военото присуство во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 01:59