Околу 650 илјади жители на Германија немаат сопствен дом, а најголемиот дел од нив живеат во капацитети за сместување бездомници, соопшти работната група Помош за бездомници, со седиште во Берлин.

„Меѓу 650.000 лица кои се без сопствен покрив над главата, најголем број – вкупно 375.000, се лица на кои им е признато правото на азил и кои се уште ѓивеат во објекти за бегалци“, се посочува во соопштението од групата Помош за бездомници.

На улици во Германија живеат околу 48.000 лица, од што најголем дел отпаѓа на жители на други делови на Европа. Во поголемите градови со години постои проблемот со бездомници од Полска, Романија и Бугарија.

Групата Помош за бездомници апелира владата повеќе да се ангажира за изградба на социјални станови и станови со субвенционирана станарина.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 02:16