Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс вети зацврстување на позициите на САД во ОН и фокус врз дипломатијата наместо врз воени дејствија, ако стане претседател.
Сандерс го нагласи тоа во дебата меѓу кандидатите за номинација на Демократската партија за претседателските избори идната година.
Градоначалникот на Саут Енд, во Индијана, Пит Бутиџиџ вети повлекување на американските војски од Авганистан каде служел и тој.
Поранешниот гувернер на Колорадо Џон Хиканлупер изјави дека САД имаат потреба за нов приод во односите со Кина додека поранешниот конгресмен Бето О’Рорк ги нарече царините на Трамп огромна грешка и зголемување на даноци како и удар за американските потрошувачи.