Проектилите што ги лансира Северна Кореја денеска наутро се балистички ракети што летаа околу 250 километри, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

– Ракетите се чини дека се разликуваат од оние што претходно се испукани, рече министерот Јонг Kyонг-ду.

Пјонгјанг денеска лансираше неколку неидентификувани проектили од полуостровот Ходо, во провинцијата Хамџонг, на исток во државата.

Најновото лансирање се случи шест дена откако Северна Кореја испука две балистички ракети со краток дострел во Источното Море.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 11:03