Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека безбедноста на Јапонија не е загрозена, откако денеска Северна Кореја испука балистички ракети со краток дострел. Тој додаде дека Токио работи со сојузници за решавање на ситуацијата во регионот.
-Ќе продолжиме тесно да соработуваме со САД и другите земји, рече Абе.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ниту еден истрелен балистички проектил не стигнал до територијата на Јапонија ниту до ексклузивната економска зона на земјата.