Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го разгледа намалувањето на буџетот за одбрана откако во првите три години од неговиот мандат значително ги зголеми воените расходи.
– Сега имаме многу силна армија… И во еден момент, многу брзо ќе можеме да го намалиме буџетот. Но, моравме да ја обновиме нашата армија, посочи Трамп.
Од стапувањето на должност во 2017 година Трамп го зголеми буџетот за одбраната при тоа обвинувајќи ги неговите претходници дека ја осиромашиле армијата.