Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро, му го продал клубот на конзорциумот на чие чело се наоѓа легендарниот италијански фудбалер Џанлука Виали.

Одамна се шпекулираше во медиумите дека Фереро ќе го продаде клубот од Џенова, но сега медиумите објавија дека Сампдорија има нови сопственици.

„Газета дело спорт“ тврди дека зделката е завршена и дека наводно Фереро дури на состанокот одржан во саботата дознал дека клубот го продава на своите колеги „сопственици“ и претседатели на клубови од Серија А.

Наводно, клубот е продаден за 140 милиони евра, а во групата инвеститори кои ја купиле Сампдорија се наоѓаат, меѓу останатите и Жамие Динан, Алекс Кнастер и Фаусто Зенетон.

Инаку, 55-годишниот Виали, во текот на својата фудбалска кариера беше играч за Кремонезе, Сампдорија, Јуве и Челзи, додека како тренер ги предводеше Челзи и Ватфорд.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 19:22